еченскиот лидер Рамзан Кадиров, главен сојузник на рускиот претседател Путин се заканува дека по освојувањето на Киев, следната цел е Варшава.

Тој во пропагандно видео објавено на социјалните мрежи тврди дека војната во Украина е веќе добиена и дека се тргнува накај Полска.

Плановите се грандиозни. Веќе развиваме таков за демилитаризација на земјите членки на НАТО. Полска е првата наредна на таа листа, вели Кадиров во видеото.

Oва не е првпат Кадиров да ѝ се заканува на Полска.

Ако добиеме наредба, за шест секунди ќе ви покажеме на што сме способни, рече неодамна тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.