Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров на Телеграм објави дека се предомислил во врска со поднесувањето оставка.
„Немам право да ја напуштам нацијата во толку тешка ситуација кога нашата земја се бори против глобален сатанизам во Донбас“, смета Кадиров.
Тој пишува дека деновиве многу се дебатира за тоа што кажал оти заминува на „годишен одмор на неодредено време“.
„Тоа се анализи, прогнози, шпекулации. Сакам да ја смирам атмосферата и да ставам крај на гласините“, додава чеченскиот лидер.
Кадиров забележал објава каде пишувало дека е на функција 15 години и оти е долговечен водач.
„Мислев дека тоа е многу, па одлучив да го дознаам вашето мислење. Подоцна дознав дека не сум долговечен, затоа што претходниот рекорд е 27 години. Сега одлучив да го надминам досегашниот рекорд за да видам дали можам да го заобиколам ова. Всушност, јас немам право туку така да си заминам. Народот ми го довери водењето на регионот. Моја света должност е да ја оправдам таа доверба. Можам да заминам само доколку го замолам народот и претседателот на Русија. Затоа приказната за отсуство на неопределено време ќе ја оставиме за во иднина. Сега веќе нема да одам ниту на годишен одмор. Веќе кажав дека во овој клучен момент, кога нашата земја се бори против глобален сатанизам во Донбас, ниту регионалните власти, ниту воениот персонал не може да одат на годишен одмор“, напиша Кадиров.
Според него, „одлични вести веќе доаѓаат од правец на Доњецк“. Како што тврди, за време на офанзивата, сојузничките трупи го победувале непријателот и заземале нови територии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.