Чеченскиот лидер, Рамзан Кадиров, тврди дека пристигнал во Украина.

Во видео-порака објавена преку апликацијата „Телеграм“ Кадиров вели дека пред неколку дена се наоѓал во непосредна близина на непријателските сили во Украина на место каде што се воделе жестоки борби меѓу руските и украинските сили.

Пред некој ден бев на околу 20 километри од вас, киевски нацисти, а сега сме уште поблиску…Ќе додадам уште една интрига: можеби сме веќе во Киев и само ја чекаме потребната наредба – вели Кадиров.

Тој истовремено упати закани до украинското раководство со повик да ја смени страната.

Можете да се опуштите на минута и да престанете да не барате, ние по секако ќе ве најдеме вас – додава Кадиров кој е лојален соработник на рускиот претседател Владимир Путин.

Кадиров повеќе од десет години е на челе на руската Република Чеченија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.