Јеменските бунтовници хути, поддржани од Иран, се заканија дека ќе го нападнат Израел со „ракети и беспилотни летала“ доколку САД воено интервенираат во војната меѓу исламистичките палестински милиции во Појасот Газа и Израел.

„Ако Американците директно интервенираат воено, ние сме подготвени да учествуваме со ракетни напади, беспилотни летала и (други) воени опции најдобро што можеме“, рече лидерот на шиитското вооружено движење, Абделмалек ал Хути во телевизиски говор.

Лидерот на Хутите потврди дека групата е „во континуирана координација“ со исламистичките милиции во Газа, вклучувајќи ги Хамас и палестинскиот исламски џихад, како и со „оската на отпорот“, мислејќи на други движења како што се либанскиот Хезболах или ирачките вооружени групи поврзани со Иран.

„Постојат црвени линии кога станува збор за Газа“, додаде тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.