Јапонскиот министер за финансии, Шуничи Сузуки, изјави дека Јапонија сè уште не е сигурна како Русија ќе го спроведе своето барање за плаќање во рубљи за енергенсите продадени на „непријателските“ земји.

Во моментов ја истражуваме ситуацијата со релевантните министерства бидејќи не разбираме точно која е намерата на Русија и како би го направила тоа – изјави министерот Сузуки на парламентарната седница.

Рускиот претседател Владимир Путин во средата изјави дека ќе бара исплата во рубљи за продажба на гас на „непријателските“ земји, вклучително и Јапонија, по санкциите што Западот ги воведе против Русија.

Сузуки порача дека владата внимателно ќе ги следи „нус појавите“ што санкциите насочени кон Русија ќе ги имаат врз јапонската економија и финансиските пазари и ќе преземе соодветни чекори во координација со Г7 и меѓународната заедница.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.