Неколку девојчиња на возраст од 13 до 16 години претепале, малтретирале и понижиле 13-годишно девојче во Хајде во областа Дитмаршен во Германија. Малтретирањето е се снимено со помош на паметен телефон, изјави денеска портпаролката на полицијата.

Инцидентот се случил на 21 февруари, а полицијата сега ги идентификуваше девојките напаѓачи. Портпаролката на полицијата не го коментираше прашањето дали девојчињата претходно го привлекле вниманието на полиција, поради истрагата која е во тек.

Како што пренесуваат германските медиуми, на видеото кое се шири по социјалните мрежи се гледа како на железничка станица на девојчето ѝ истурат сок врз главата, ѝ гасат цигари од лицето, на крај дури и ѝ ја палат косата. Во еден момент додека девојката се обидувала да стане, еден од напаѓачите почнал да вика: „Седни и моли ми се. Нема да те пуштам така лесно!“

Мајката на девојчето рекла дека мачењето било прекинато благодарение на храбрата интервенција на случаен минувач.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.