Израелските одбранбени сили (ИД) денеска ги гранатираа јужните делови на Либан, како одговор на експлозијата на безбедносната ограда во близина на Кибуц Ханит.

-ИД одговори со артилериски оган кон либанска територија, се вели во соопштението на ИД.

Како што јави Си-Ен-Ен, израелските сили претходно ги активираа предупредувањата за можна наводна инфилтрација на терористи во кибуцот Ханита и дека ИД сега ја пребарува областа.

Воените власти соопштија дека експлозијата предизвикала „мали оштетувања“ на оградата.

Си-Ен-Ен објави дека палестинската милитантна група Хезболах со седиште во Либан, најверојатно, ќе влезе во конфликтот за поддршка на Хамас.

ИД претходно оваа недела објави дека распоредила дополнителни десет илјади војници на границата со Либан, како одговор на можен напад од север.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.