На израелскиот лекар денеска трајно му беше одземена лиценцата за работа откако Окружниот суд во Ерусалим ја одби неговата жалба.
Ари Авни ја обжали одлуката на Министерството за здравство да му ја одземе лиценцата во 2021 година, тврдејќи дека слободата на говор му дозволила да ги шири своите ставови.
Тој пред судот изјави дека неговата намера е да и помогне на јавноста и да ја спаси од лекови и вакцини кои ќе им наштетат, ќе предизвикаат рак, аутизам и други болести, пренесоа израелските медиуми.
„Мораме да правиме разлика помеѓу мислење и поттикнување. Авни водеше валкана кампања против здравствените власти за да ја одврати јавноста да постапува по нивните инструкции. Лекар кој го избира патот на делегитимизација, се исклучува себеси и се однесува непристојно за лиценциран лекар “, наведе судијата Нимрод Лен.
Дисквалификуваниот лекар води веб-страница популарна меѓу израелската анти-ваксер заедница и има објавено неколку написи за теории на заговор за „Ковид-19“ и постојано клеветеше здравствени службеници. Објавуваше и написи на социјалните мрежи, ширејќи ги своите теории.
Тој претходно изјави дека за него „секој што дава вакцина е како Јозеф Менгеле“. зш/
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.