Израелската армија соопшти дека е подготвена за „координирана“ воздушна, копнена и поморска офанзива во Газа.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија соопштение во кое наведуваат дека се подготвуваат да „спроведат широк опсег на оперативни офанзивни планови“, не наведувајќи кога тие ќе се случат.
Плановите би можеле да вклучуваат „комбинирани и координирани напади од воздух, море и копно“, се вели во соопштението. Се додава дека опремата потребна за борбата во последните денови била „префрлена на релевантните сили“.
Баталјоните и војниците на ИДФ се распоредени низ целата земја и ја зголемуваат оперативната подготвеност за следните фази од војната, со фокус на значајните копнени операции“, стои во соопштението
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.