Израелската војска утринава изврши околу 150 напади врз цели на Хезболах во Либан, од каде исламистичкото движење истрелува ракети на израелска територија за поддршка на палестинскиот Хамас во Појасот Газа.

Утринава имаше околу 150 воздушни напади, рече портпаролот на армијата.

Нападите биле извршени меѓу 6:30 и 7:30 часот по локално време.

Либанскиот премиер Наџиб Микати го осуди „планот за уништување што го спроведува Израел“.

Продолжувањето на израелската агресија против Либан е војна за истребување во секој поглед, план за уништување чија цел е да ги избрише либанските села и градови, рече тој.

Израелската армија утринава им порача на либанските граѓани „да се држат подалеку од целите на Хезболах“ во јужен Либан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.