Лиз Трас поднесе оставка од функцијата премиер на Велика Британија, јавува Би-Би-Си.
Пред десетици новинари пред Даунинг стрит бр. 10 Трас рече дека ја презела функцијата во време на „голема економска и меѓународна нестабилност“.
Таа на местото премиерка била нешто повеќе од еден месец.
Трас рекла дека изборите за лидер на Конзервативната партија ќе бидат одржани наредната седмица, а дека ќе остане на местото премиер додека не се избере наследник.
Таа на местото премиер го наследи Борис Џонсон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.