Италијанскиот град Торино, донесе одлука пушењето на отворено да биде дозволено само ако другите луѓе се оддалечени најмалку пет метри од пушачот, а градоначалникот Стефано Ло Русо смета дека одлуката се заснова на „здрав разум“.

Се работи за почитување на оние кои не пушат, а во исто време се работи за промовирање на културата на почит“, изјави Ло Русо, член на централно-левичарската Демократска партија, за локална радио станица.

Сите оние кои не ја почитуваат оваа регулатива ризикуваат казна од 100 евра. Забраната се однесува на пушење цигари, пури, лулиња, загреани тутунски производи и електронски цигари, стои во одлуката што во понеделникот ја усвои и ја одобри градскиот совет.

Регулативата предвидува на луѓето кои пушат да им приоѓаат на другите со цигара „само со нивна согласност“, додека пушењето на отворено е целосно забрането во присуство на деца и трудници.

Торино не е првиот голем италијански град кој го ограничува пушењето на отворено. Во 2021 година, Милан го забрани автобуски станици, такси, стадиони, паркови и гробишта.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.