Испраќањето на војници на НАТО во Украина би било „исклучително опасно“, соопшти Кремљ, додавајќи дека Москва внимателно ја следи украинската петиција со која се повикува на таква интервенција. Во петицијата, објавена на веб-страницата на украинскиот претседател, се наведува дека Украина треба да побара од САД, Велика Британија и други земји да испратат војници во борбата против руската инвазија.
Режимот во Киев е прилично непредвидлив“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.Неколку пати кажавме дека директната интервенција на воените трупи на земјите од НАТО во овој конфликт потенцијално претставува голема опасност и сметаме дека ова е исклучително сериозна провокација и, се разбира, внимателно следиме сè”, додаде Песков.
Засега не е познато дали петицијата ќе го собере потребниот број од 25.000 гласови, што ќе го обврзе претседателот Володимир Зеленски да одговори со одобрување или отфрлање. До среда наутро беа собрани 1594 гласови.Франција е подготвена да испрати војскаНАТО и’ помага на Украина со испраќање повеќе оружје, вклучувајќи тенкови и ракети со долг дострел, но воздржувајќи се од директна интервенција со војниците на теренот. И американскиот претседател Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин предупредија дека тоа може да доведе до трета светска војна.Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека прашањето за испраќање западни војници во Украина „легитимно“ би се поставило доколку Русија ги пробие украинските одбранбени линии и доколку Киев го побара тоа.Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, во средата изјави дека доколку Макрон испрати француски војници во Украина, тие ќе бидат легитимна цел на руската војска.„Ако Французите се појават во зоната на конфликтот, тие неизбежно ќе станат цел на руските вооружени сили“, рече Захарова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.