Германскиот оператор на гасоводната мрежа „Гаскад“ („Gascade“) денеска соопшти дека утре треба да продолжи доставата на гас до Германија преку гасоводот Северен поток.
„Поаѓаме од принципот дека, според досегашните нотификации, транспортот на гас преку Северен поток ќе продолжи на нивото пред ремонтот, односно 40 отсто од капацитетот“, се наведува во соопштението на Гаскад.
„Нотификациите“ се известувања кои извозниците и увозниците на гас ги пренесуваат до операторот на мрежата пред да ги испорачаат или примаат нивните испораки.
Европа ја чека одлуката на Москва за рестартирање на гасоводот, што е во редовен 10-дневен годишен ремонт. Северен поток испорачува гас главно за Германија, но и за други земји-членки на ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.