Како што пренесуваат светските медиуми, ИСИС тврди дека напаѓачите кои го извршија нападот во концертната сала во Москва успеале да побегнат. Руските власти се уште не го коментирале статусот на напаѓачот.

Исто така, руските медиуми тврдат дека се работи за луѓе од Ингушетија. Очевидци сведочеа дека напаѓачите на концертната сала „Крокус“ ​​во Москва изгледале како да се „од Азија и Кавказ“ и дека комуницирале на „странски јазик, а не на руски“, пренесува белоруската телевизија NEXTA, повикувајќи се на руски локални медиуми. Фотографии од наводни терористи беа објавени на сметката на ТВ NEXTA на платформата X.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.