Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека пронашле докази дека Иран ги финансирал огромниот систем на тунели под Појасот Газа на исламистичката организација Хамас.
Портпаролот на израелската армија Даниел Хагари изјави дека војници откриле документи за финансиски трансфери во периодот од 2014 до 2020 година во вкупна вредност од над 150 милиони долари од Иран до Хамас и до лидерот на исламистичката група во Појасот Газа, Јахја Синвар.
Ова е уште еден пример за тоа како Иран извезува терор на Блискиот Исток. Теророт што Иран го извезува и произведува е глобален проблем, истакна Хагари.
Израелската армија објави фотографии од неколку документи, како и фотографии од коверти и пари, но информациите не можат да бидат независно проверени.
По Исламската револуција во 1979 година, Иран го прогласи Израел за непријател. Заедно со другите милиции како Хезболах во Либан и бунтовниците Хути во Јемен, Хамас е дел од така наречената оска на отпорот, мрежа на групи кои се борат против Израел и добиваат финансиска и материјална поддршка од Техеран.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.