Обилните дождови предизвикаа големи поплави во седум сојузни држави во .

Националната агенција за управување со катастрофи соопшти дека околу 125.000 луѓе се загрозени од поплавите, а малезиските држави коишто се погодени од катастрофите се Келантан, Теренгану, Паханг, Џохор, Малака, Негери Сембилан и Сабах.

Според извештаите, 8.727 луѓе се префрлени во 128 прифатни центри, а 117.700 евакуирани се вратиле дома.

Во поплавите загинале 50 лица, а двајца сè уште се водат како исчезнати.

Малезискиот премиер Исмаил Сабри Јакоб минатата недела најави дека државата ќе одвои 334,93 милиони долари за помош на најпогодените од големите поплави.

Малезискиот премиер додаде дека владините мерки ќе им помогнат на најмалку 30.000 погодени домаќинства.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.