Глобалната иницијатива КОВАКС, програмата поддржана од ОН, почната за подеднаква дистрибуција на вакцините против корона вирусот меѓу богатите и сиромашните земји, побара 5,2 милијарди долари за да продолжи со набавка на вакцини во наредните месеци.
Програмата испорачала нешто повеќе од милијарда дози вакцини во изминатата година, што е двојно помалку од првичната цел која беше да се испорачаат две милијарди дози до крајот на 2021 година. Сепак, недостигот на готовина предизвика доцнење на договорените испораки на вакцини, поради што најголемиот дел од произведените вакцини беа продадени во богатите земји.
Досега помалку од 10 отсто од луѓето во посиромашните земји примиле барем една доза, додека повеќе од 60 отсто од светската популација е вакцинирана со по три или четири дози.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.