Стапката на инфлација во Британија скокна на 10,4 отсто во февруари, за првпат по четири месеци, што ги изненади аналитичарите и го зголеми притисокот врз централната банка да ги зголеми каматните стапки веќе на првата претстојна средба.

Индексот на потрошувачките цени во февруари порасна на годишно ниво на 10,4 отсто во однос на 10,1 отсто претходниот месец, а високите цени на енергијата продолжија да вршат притисок врз буџетот на домаќинствата, објави денеска Националниот завод за статистика.

Иако економистите очекуваат цените да почнат да паѓаат, инфлацијата е петпати поголема од целта од два проценти на Банката на Англија.

Најмногу поскапеа храната и безалкохолните пијалоци. Тие пораснаа со најбрза стапка во последните 45 години, велат аналитичарите.

Централната банка на утрешната седница ќе ја одмери потребата за контрола на инфлацијата поради загриженоста за влијанието на растот на каматните стапки врз банките кои се во неволја. Централната банка одобри 10 последователни зголемувања на каматните стапки од декември 2021 година и ја зголеми основната каматна стапка на четири проценти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.