Стапката на инфлацијата во Велика Британија, во септември се зголемила на 10,1 отсто на годишно ниво, со што се врати на нивото од јули, кога беше најголема во последните 40 години, соопшти Канцеларијата за национална статистика.
Економистите очекуваа потрошувачките цени да се зголемат за 10 отсто годишно, во однос на 9,9 отсто во август.
Британските статистичари објавија дека главен двигател на инфлацијата во септември биле цените на храната.
Велика Британија е тешко погодено од скокот на цените на природниот гас во Европа предизвикан од руската воена операција во Украина, дополнително влошени од тесните грла во синџирот на снабдување по Ковид и недостигот на работна сила, што врши силен притисок врз животниот стандард на граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.