Годишната стапка на инфлација во Германија забрза во октомври, достигнувајќи го највисокото ниво од декември 1951 година, покажуваат конечните податоци на германската канцеларија за статистика објавени денеска.
Индексот на потрошувачките цени, измерен според германските национални стандарди, се зголеми за 10,4 отсто во октомври во споредба со истиот месец во 2021 година, од нивото од 10 отсто во септември, соопшти статистичката служба Дестатис, потврдувајќи ги своите прелиминарни податоци.
Месечната стапка на инфлација во октомври во Германија изнесувала 0,9 отсто.
Главната причина за високата инфлација и натаму е огромниот пораст на цените на енергијата, но растат и цените на многу други стоки и услуги. Сега домаќинствата особено го чувствуваат растот на цените на храната, рече претседателот на Дестатис, Георг Тиел.
Германската инфлација, приспособена со стандардите на Европската унија, беше 11,6 отсто на годишно ниво во октомври, во споредба со септемвриските 10,9 отсто, информира Дестатис, со што ја потврди својата прва проценка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.