Има многу жртви кои се деца, вели портпаролот на Хјуман Рајтс Воч, Ахмед Беншемски во емисијата „21Анализа“ на ТВ21.

Според него, голем дел од населението во Газа се деца.

„Има многу жртви кои се деца имајќи предвид дека голем дел од населението во Газа се деца. Повеќе од половина од населението. Има 2,2 милиони жители, значи најмалку 1,1 милион. Во болниците над 60 % од пациентите, од ранетите се деца. Генералниот директор за здравство во Газа го кажа ова. Сега се соочуваме со многу трогателни ситуации. На пример доктор во здравствен комплекс на северот рече дека Интензивната нега била преплавена со ранети, па морале да исклучат респиратор од возрасен пациент за да го искористат на 10-годишно дете. Во основа одбираат да спасат еден живот и да се откажат од другиот зашто немаат доволно опрема. Ситуацијата е таква. Кога зборуваме за децата, треба да зборуваме и за бремените жени зашто не се работи само за болните и и ранетите, туку и за редовните, медицински потреби“, вели Беншемски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.