Кабинетот на украинскиот претсетдател Володимир Зеленски денеска соопшти дека кинески делови се пронајдени во руските ракети.

Советникот на Зеленски, Владислав Власиук изјави дека во запленетото и пронајденото оружје на бојното поле биле пронајдени различни електронски делови.

Трендот сега е да има помалку компоненти произведени на Запад, но повеќе, не е тешко да се погоди, компоненти од Кина, истакна Власиук.

Кинеското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека Кина отсегокаш внимателно и одговорно се однесувала кон извозот на воени копоненти.

– Низ историјата, Кина иницираше нормална трговска соработка со сите земји, вклучително и Русија, врз основа на еднаквост и заемна корист, се наведува во соопштението на кинеското МНР.

Соопштението уследи откако советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Владислав Власиук изјави дека во запленетото и пронајденото оружје на бојното поле биле пронајдени различни електронски делови.

– Трендот сега е да има помалку компоненти произведени на Запад, но повеќе, не е тешко да се погоди, компоненти од Кина, истакна Власиук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.