Според израелските воени податоци, од почетокот на копнената операција во Појасот Газа, убиени се 59 израелските војници, јави ДПА.

-Вкупно 380 израелски војници се убиени во бруталните убиствени напади на терористите од Хамас и другите групи, што беа изведени на 7 октомври во јужната погранична област, изјави денеска портпаролот на израелските одбранбени сили, пренесе германската агенција.

Бројката ги вклучува и војниците кои загинале на границата со Либан, каде што од почетокот на војната имаше повеќе судири, предизвикувајќи стравувања дека конфликтот може да се прошири.

Како споредба, во 50-дневната војна во 2014 година во Газа, на израелска страна загинаа 66 војници и пет цивили. ОН наведуваат дека во тогашниот конфликт загинаа и 2.251 Палестинец, потсетува ДПА.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.