Израелската армија денеска нареди евакуација на речиси дваесет либански погранични населби.
Наредбата доаѓа само неколку часа откако Израел испрати копнени сили во јужен Либан во, како што ја нарече, ограничена операција против милитантите на Хезболах.
Наредбата за евакуација, издадена од портпаролот на израелската армија на платформата X, прецизираше дваесетина населби во јужен Либан, а со неа им се наредува на тамошните жители да се евакуираат северно од реката Авали, на околу 60 километри од границата.
Тоа е далеку од реката Литани, која ја означува северната граница на зоната одредена од ОН, која требаше да дејствува како тампон меѓу Израел и Хезболах по војната во 2006 година, пренесуваат американските медиуми.
Реката Литани се наоѓа на околу 32 километри северно од границата меѓу Либан и Израел.сд
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.