Полска објави дека нема преговори за испраќање борбени авиони Ф-16 во Украина, а сега и Велика Британија го изрази својот скептицизам со официјална изјава дека не верува дека тоа би било практично.

Британските борбени авиони се многу софистицирани и потребни се месеци за да научат да летаат со нив. Со оглед на тоа, веруваме дека не е практично да се испратат овие авиони во Украина. Ќе продолжиме да разговараме со нашите сојузници за пристапот што мислиме дека е правилен“, изјави портпаролот на британскиот премиер Риши Сунак, пишува Index.hr.

Берлин, исто така, категорично одби да испрати борбени авиони, додека францускиот претседател Емануел Макрон рече дека „ништо не е исклучено“, уверувајќи дека Украинците тоа не го побарале од него.

Инаку, Макрон разговараше со холандскиот премиер Марк Руте, кој рече дека нема „табу“ по тоа прашање, но дека тоа ќе биде „голем чекор“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.