Јеменските Хути објавија дека извршиле напади врз два американски разурнувачиво Црвеното Море користејќи противбродски ракети и беспилотни летала.
Јеменската морнарица, воздухопловните сили и ракетните сили изведоа уникатна воена операција во која беа нападнати два американски разурнувачи во Црвеното Море. Операцијата беше изведена со помош на неколку противбродски проектили и беспилотни летала“, во објава на социјалната мрежа Х соопшти Јахја Шарија, воениот портпарол на Хутите.
Тој додаде дека Хутите би можеле да ги прошират операциите против цели што ги сметаат за непријателски, нагласувајќи дека воените дејствија на Хутите ќе продолжат се додека „агресијата (против Палестинците) не биде запрена и опсадата на Палестинците во Појасот Газа не заврши“.
Хутите, кои контролираат голем дел од јеменскиот брег на Црвеното Море, претходно предупредија дека ќе ги напаѓаат сите бродови поврзани со Израел, повикувајќи ги другите земји да не се приближуваат до територијата. Поради тоа, некои од светските бродски компании решија да го запрат транспортот преку Црвеното Море.
Хутите истакнуваат дека нивните акции во Црвеното Море имаат за цел да им помогнат на Палестинците во Појасот Газа и тврдат дека тие не се мешаат во слободата на пловидба во регионот. Арапските и муслиманските земји често ги предупредуваат САД дека безусловната поддршка за акциите на Израел во Појасот Газа ќе доведе до ширење на конфликтот во целиот регион.
САД и Велика Британија вршат напади врз цели на Хутите од средината на јануари, нарекувајќи го „одговор на заканите за слободата на пловидба во Црвеното Море“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.