Во ноќен клуб во Јужна Африка биле пронајдени безживотните тела на најмалку 17 млади луѓе.

Јужноафриканските власти соопштија дека во неделата во раните утрински часови по локално време полицијата била предупредена за хорор сликите во таверната Енџобени во Источен Лондон, град на Индискиот Океан, околу 1.000 километри јужно од Јоханзбург.

Полицискиот бригадир, Тембинкоси Кинана, изјавил дека жртвите биле на возраст од 18 до 20 години и дека се истражуваат околностите под кои загинале луѓето во клубот, додавајќи дека е рано да се утврди причината за смртта.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.