Холандскиот крал, Вилем Александар, се извини за улогата на Холандија во ропството низ историјата и за последиците што ги има и денес.

Кралот зборуваше на церемонијата по повод 160-годишнината од законот за укинување на ропството во Холандија, вклучувајќи ги и нејзините поранешни колонии на Карибите.

На овој ден, кога се сеќаваме на холандската историја обележана со ропство, барам прошка за ова злосторство против човештвото, нагласи тој, додавајќи дека расизмот останува проблем во холандското општество и дека неговото извинување нема да биде поддржано од сите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.