Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, чија земја ги поддржува палестинските милитанти Хамас во нивната борба со Израел, оцени дека „ционистичкиот режим станува беспомошен и збунет“.

Во објавата на платформата Х (Твитер), на хебрејски, тој изјави дека израелската влада го „лаже“ својот народ, кога изразува загриженост за заложниците што ги држи Хамас во Газа, а во исто време ги гранатира областите каде што би можело да бидат држени.

Без американска поддршка, Израел ќе биде замолчен за неколку дена, смета Хамнеи, пренесува Тајмс оф Израел.

Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахјан во средата предупреди на „тешки последици“ доколку продолжат израелските напади врз Појасот Газа, по упадот на Хамас на 7 октомври на израелска територија во кој беа убиени 1.400 луѓе, главно цивили. Претходно, иранскиот претседател Ебрахим Раиси изјави дека потезите на Израел „ги преминале црвените линии, што може да принуди многумина да преземат акција“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.