британската армија започна истрага за хакерскиот напад врз своите профили на Твитер и Јутјуб. Каналот на Јутјуб прикажува видеа за крипто валутата и слики на Илон Маск, додека официјалниот Твитер налог ретвитна неколку објави кои се чини дека се поврзани со NFT.
Во еден момент името на сметката е сменето во „Bapesclan“, а профилната слика во цртана фигура е слична на мајмун со шминка на кловн, пренесува Sky News.
Твитер профилот е вратен во нормала.
Се извинуваме за привременото нарушување на нашиот фид. Ќе спроведеме целосна истрага и ќе научиме поика од овој инцидент. Ви благодариме што не следевте и нормалната услуга сега ќе продолжи“, се вели во твитот објавен по инцидентот.
Во меѓувреме, снимките се вратени и на профилот на Јутјуб.
Портпаролот на армијата изјави дека се запознаени за „хакирањето на воените сметки на Твитер и Јутјуб и дека истрагата е во тек“.
Тие наведуваат дека безбедноста на информациите се сфаќа „исклучително сериозно“.
Додека не заврши истрагата, би било несоодветно да се коментира дополнително“, се вели во соопштението на армијата објавено на Твитер.
The breach of the Army’s Twitter and YouTube accounts that occurred earlier today has been resolved and an investigation is underway.
The Army takes information security extremely seriously and until their investigation is complete it would be inappropriate to comment further.
— Ministry of Defence Press Office (@DefenceHQPress) July 3, 2022
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.