Според анализа на Гринпис, оваа зима во Европа би можело да има најмалку 100.000 „летови на духови“ поради правилата на ЕУ за користење на аеродромските слотови.
Целта на ваквите празни, непотребни или непрофитабилни летови, е да им се овозможи на авиокомпаниите да ги задржат своите права да полетуваат и слетуваат на главните аеродроми. Сепак, овие непотребни летови може да создадат до 2,1 милион тони емисии на стакленички гасови, односно колку што создале 1,4 милиони просечни бензин или дизел автомобили годишно, тврди Гринпис.
Барањето на Европската комисија за авиокомпаниите да летаат со празни авиони за да исполнат каква било квота, не само што многу загадува, туку е и крајно лицемерно, со оглед на нивната климатска реторика – изјави Хервиг Шустер, портпарол на кампањата на Гринпис – „Европска мобилност за сите“.
Тој додава дека емисиите од транспортот растат со неверојатна брзина.
Би било неодговорно, ЕУ да не ги суспендира „летовите на духови“, но и да ги забрани летовите на кратки релации, кога има разумна железничка врска – посочува Шустер.
Кога почна Ковид пандемијата, Европската комисија ја намали од 80 на 25 отсто референтната вредност за летови што авиокомпаниите мора да ги извршуваат за да ги задржат своите слотови бесплатни. Сепак, во декември минатата година, Брисел ја зголеми бројката на 50 отсто, а во март повторно се зголеми на 64 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.