Хуманитарната програма на ОН во Газа „повеќе не функционира“, изјави шефот за хуманитарна помош на ОН Мартин Грифитс.
– Нема излез за луѓето од Газа, вели тој.
Според него, недостигот на безбедност во Газа се однесува и на хуманитарните операции, пренесува Би-Би-Си.
– Ова значи дека ако планирате хуманитарна испорака во Газа денес, треба да ја земете предвид веројатноста дека ќе биде прекината, дека може да биде нападната, дека може да биде ограбена, дека може да се запре, пренасочи, додаде Грифитс.
Повторно повикувајќи на итен прекин на огнот, Грифитс посочи дека уништувањето на здравствениот систем во Газа значи и дека болестите ќе станат пошироко распространети
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.