Хуманитарните организации предупредуваат дека смртоносните болести кои се пренесуваат преку вода ќе се шират низ опколениот Појас доколку не се дозволи да пристигне хуманитарна помош.

Четирите деца на Васеем Муштаха не одат на училиште речиси две недели. Наместо да учат математика или географија, тие учат како да ги распределат резервите со вода.

  • Секој ден на сите им полнам по едно шише вода и им велам: Обидете се да го раширите ова, изјави Муштаха за „Ал Џезира“, говорејќи од градот Кан Јунис во јужна Газа.

Откако Израел издаде наредба за евакуација за 1,1 милион Палестинци во северниот дел на Газа, Муштаха ги возел сопругата и децата, на возраст од осум до 15 години, во куќата на неговата тетка во Кан Јунис, каде што жителите ги отвориле вратите за поширокото семејство и пријателите среде немилосрдното израелско воздушно бомбардирање.

Како менаџер за вода и канализација за глобалната непрофитна организација Оксфам, Муштаха ги гледа знаците на претстојната катастрофа во јавното здравје насекаде околу неа, па смета дека се шири опасна зараза.

  • Луѓето спијат на улиците, во продавниците, во џамиите, во своите автомобили или на улиците, рече тој.

Неговото семејство живее заедно со околу 100 луѓе набиени во стан од 200 метри квадратни и тие се вбројуваат меѓу среќниците.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.