Украинецот Сергеј Перебинис со часови чекал да слушне дали неговата сопруга и децата биле успешно евакуирани од Киев среде руската инвазија, но веста за нивната смрт ја дознал на најлош можен начин – препознавајќи ги на сликите кои кружеле на Твитер.

Прво го препознал куферот на фотографијата од безживотните тела на сопругата Татјана (43) и нивните деца Никита (18) и Алиса (9), како и црковниот работник Анатолиј Бережни (26), откако во саботата беа погодени од шрапнели , известува „Њујорк тајмс“.

Тие се обидувале да го поминат мостот на безбедно, кога на 10 метри од нив во градот Ирпин експлодирала граната. Сергеј објасни дека бил во источна Украина обидувајќи се да и помогне на својата болна мајка кога Татјана решила дека е време да избега од Киев.

И реков: „Прости ми што не можам да те бранам“ – очајно рече Сергеј.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.