Германскиот воен транспортер слета во понеделникот на литванскиот аеродром Каунас во градот Кармелава, изјавил извор на агенцијата Reuters, како засилување во регионот поради стравот од наводно можната руска инвазија врз Украина.
Авионот од типот „А400М“ пренел околу 70 припадници на германската војска, а се очекува дека Германија ќе испрати уште војници, вкупно 360, кои ќе бидат распоредени во рамките на постојните НАТО силите во тој регион, изјавил портпаролот на борбената група на Алијансата во врска со засилувањето.
Зајакнувањето на оваа група вклучува артилерија, извидувачки единици и медицинските тимови на германската војска, а доаѓањето на новите сили се очекува во текот на седмицата.
Германскиот канцелар Олаф Шолц во понеделникот треба да допатува во Киев на состанок со украинскиот претседател Владимир Зеленски, за да им изрази поддршка на украинските сили и да земе учество во напорите да се спречи евентуален руско-украински судир кој според САД е речиси неизбежен. Шолц потоа во вторник ќе замине за Москва каде треба да се сретне со рускиот претседателот Владимир Путин.
НАТО во 2017 година распореди постојани ударни групи во балтичките земји во Литванија, Латвија, Естонија и Полска, на самите руските граници. Единиците, кои ги сочинуваат вкупно 5.000 војници но секогаш се побројни поради континуираните воени вежби, ги предводат Германија, Канада, Велика Британија и САД.
Германските војници сочинуваат околу полоовината од ударната борбана грипа од 1.100 водини којашто веќе е присутна во Литванија. Единицата, исто така, ја сочинуваат и војници од Белгија, Чепка, Луксембург, Норвешка и Холандија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.