Германскиот Бундестаг денеска на последната седница пред летната пауза гласаше за проширување на НАТО. Пратениците со големо мнозинство гласаа за прием на Финска и Шведска во НАТО.
За прием на двајца нови членови гласаа пратениците на владејачката коалиција СПД, Зелените и ФДП, како и ЦДУ/ЦСУ, а против беа Левица и Алтернатива за Германија (АфД).
Министерката за одбрана Кристине Ламбрехт изјави дека агресијата на рускиот претседател Владимир Путин против Украина го постигнала спротивното од она што тој го сакал.
Западот, кој толку мрази, станува посилен, а не послаб, рече таа во своето обраќање до пратениците.
Ламбрехт нагласи дека со одлуката за проширување на НАТО, Германија испраќа сигнал за солидарност и доверливост.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.