Германскиот претседател, Франк-Валтер Штајнмаер, порача дека Германците ќе мора да бидат свесни дека ќе додјдат денови на неизвесност и одрекување поради војната во Украина.
Острите санкции против Русија неизбежно ќе донесат неизвесност и откажување од многу работи и за Германците – порача Штајнмаер, во видео порака објавена пред концертот „За слобода и мир“ на Берлинската филхармонија во претседателската палата Белеви.
Германскиот претседател истакна дека и во Германија претстојат тешки денови.
Точно е дека ни претстојат уште многу неволји. Нашата солидарност и нашата поддршка, нашата истрајност, како и нашата подготвеност да се откажеме и да се ограничиме, ќе не следи уште долго време – истакна Штајнмаер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.