Сојузниот канцелар на Германија Шолц пристигна во Бугарија, јави дописникот на МИА од Софија.
Посетата на Софија ќе ја започне со средба со бугарскиот премиер Кирил Петков, на која ќе присуствува и шефицата на бугарската дипломатија Теодора Генчовска, по што ќе биде примен од претседателот Румен Радев.
Според бугарските медиуми, Шолц доаѓа во Бугарија директно од Македонија во обид да ги одмрзне односите и да ги поддржи напорите за надминување на проблемите во бугарско-македонските односи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.