Германскиот производител на оружје „Рајнметал АГ“ објави дека планира да постави најмалку четири производствени капацитети во Украина.

Овој потег доаѓа во време кога профитот на „Рајнметал“ се зголемува во услови на војната во Украина и зфголемената милитаризација на НАТО, при што цената на акциите на компанијата скокна за повеќе од 400% во последните три години. Се очекува оваа година „Рајнметал“ да генерира рекордна добивка од 10,9 милијарди долари од продажбата на оружје.

Новите фабрики на „Рајнметал“ во Украина се очекува да произведуваат оклопни возила, оружје за противвоздушна одбрана и гранати, при што целата шема очигледно е насочена кон заживување на практично непостоечкиот воено-индустриски комплекс на Украина.

Основана во 1889 година како „Рајанише Металварен унд Машиненфабрик АГ“, „Рајнметал“ произведуваше оружје и муниција за германската воена машинерија уште пред Првата светска војна, а потоа и за нацистичкиот режим до избувнувањето на Втората светска војна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.