Германскиот министер за економија, Роберт Хабек, изјави дека земјите од Европската Унија се уште можат да се договорат за воведување ембарго на руската нафта и покрај противењето на Унгарија.

Државите се во различни ситуации кога станува збор за снабдувањето и тоа треба да се прифати – изјави Хабек на маргините на состанокот на министрите за клима и екологија на Г7 во Берлин.

Што се однесува до Германија, Хабек укажа дека треба да се направат подготовки пред да се донесе одлука.

Но, се разбира, исто така е многу важно Европа да остане обединета и заедно. Затоа сите земји мора да вложат напори да ја намалат зависноста од нафтата. Ова важи и за Унгарија – изјави Хабек.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.