Германскиот индустриски концерн „Рајнметал“ очекува двоцифрен раст на прометот, пишува весникот „Ди велт“ (Die Welt).

Според изданието, германскиот концерн за оружје во 2022 година добил 18 отсто повеќе нарачки отколку една година порано.

Сега илјадници луѓе работат во три смени за да ја снабдуваат Украина со оружје, пишува весникот.

Станува збор за поправка и подготовка за работа на пешадиски борбени возила „Мардер“, тенкови „Леопард 2“, самоодни хаубици „Панцерхаубице 2000“ и производство на муниција.

Концернот очекува дека и Германија ќе набави муниција во вредност од 40 милијарди евра до 2031 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.