Главниот дописник на магазинот „Фокус“, Улрих Рајц, изрази мислење дека во интерес на Германија е да ги врати Украинците на воена возраст назад во Украина.
Според Рајц, курсевите за интеграција на украинците во Германија се покажале неефикасни.
Повеќе од половина од украинските бегалци не успеаја да го положат јазичниот испит на минимално ниво, вели Рајц.
Новинарот исто така истакнува дека има многу помалку Украинци кои нашле работа во Германија отколку во другите земји, односно дека голем дел од нив се задоволни да бидат „заглавени“ на социјалните бенефиции.
Рајц смета дека сите овие факти укажуваат дека е време германските власти да го преиспитаат својот однос кон Украинците и да ги вратат сите воено способни луѓе во нивната татковина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.