Германската влада ветува безбедно враќање во Германија на сите авганистански службеници кои работеле за германската амбасада во Кабул пред да се вратат талибанците на власт пред една година, јави ДПА.

Нема да ги напуштиме – изјави министерката за внатрешни работи Ненси Фезер во интервју за „Билд ам Зонтаг“.

Таа додаде дека работи заедно со министерката за надворешни работи, Аналена Бербок, на создавање програма со „јасни критериуми“ за прием во Германија.

Според информациите на германската влада, неколку илјади луѓе се уште чекаат да го напуштат Авганистан. Фезер објави дека досега во Германија се примени 15.759 авганистански службеници и членови на нивните семејства.

Според бројките од минатата недела, Германија вети дека ќе прими вкупно 23.614 локални вработени и членови на нивните семејства од повлекувањето на силите на НАТО минатото лето.

Фезер порача и дека во догледна иднина нема да има репатријација во Авганистан.

Депортирањето во Авганистан во моментов е суспендирано и сигурно ќе остане така со оглед на моменталната ситуација таму – изјави министерката.

Станува збор за локални вработени, кои работеле за Германија како цивилен помошен персонал или како преведувачи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.