Германија од 1-ви август целосно престанува да купува јаглен од Русија, а до 31-ви декември ќе биде прекината и набавката на руска нафта. Ова го коментираше заменик министерот за финансии Јорг Кукис за време на конференција во Сиднеј.
Ограничувањата се поврзани со санкциите што Европската унија (ЕУ) и ги воведува на Москва поради воената инвазија во Украина. Веќе на почетокот на април, ЕУ воведе петти пакет рестрикции против Русија, кои предвидуваат ембарго за увоз на јаглен, а на крајот на мај, лидерите на земјите од заедницата го одобрија шестиот пакет, со кој се ограничува увозот на Руска нафта.
ЕУ веќе зборуваше за следниот чекор – ограничувања за купување природен гас како дел од седмиот пакет санкции против Русија.
Германија увезува околу 40% од јагленот и нафтата од Русија. Според германскиот заменик министер за финансии, сепак, вистински предизвик ќе биде кога ЕУ ќе одлучи да престане да купува природен гас од Русија. Секоја година, земјите од заедницата увезуваат во просек околу 158 милијарди кубни метри руски природен гас, јасно е од зборовите на Кукис.
„Зависноста на Германија не е тривијално прашање, смета и тој, посочувајќи дека нафтоводот „Дружба“ е алатка уште од советско време за притисок врз Источна Европа. За неколку недели Германија ќе го направи првиот чекор за намалување на зависноста на германската економија од Русија“, истакнува Кукис.
Во однос на природниот гас, Германија во моментов активно работи на изградба на терминали за ЛНГ. Земјата сѐ уште нема ниту еден таков објект, но може да ги користи терминалите на соседните земји – Холандија или Белгија.
Сепак, течниот гас од САД и Катар во оваа фаза е недоволен за покривање на целиот увоз на гас од Русија што влегува во Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.