Наша цел останува деескалација на тензиите и враќање на стабилноста во Црвеното Море“, се наведува во соопштението на германското Министерство на социјалната мрежа Икс (Твитер).
Франција, пак, ја повтори својата осуда на нападите на Хутите врз трговските бродови во Црвеното Море и ги повика да ги запрат.
„Со овие вооружени акции, Хутите носат многу сериозна одговорност за ескалацијата во регионот“, соопшти француското Министерство за надворешни работи.
Данска, каде што се наоѓа седиштето на компанијата „Маерск“ чии бродови минуваат низ Црвеното Море, целосно ги поддржува британските и американските напади врз Хутите во Јемен, изјави данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.