Германија почна да работи на зајакнување на своите јавни засолништа, како и на подготовка на кризни резерви во случај на војна, изјави сојузната министерка за внатрешни работи, Ненси Фезер за весникот „Велт ам Зонтаг“.
Владата размислува за подобрување на системот на јавни засолништа и ќе ги зголеми трошоците за цивилна заштита, истакна министерката внатрешни работи на Германија, Ненси Фезер.
– Во Германија моментално има 599 јавни засолништа. Ќе видиме дали можеме да подобриме повеќе такви системи. Во секој случај, нивното демонтирање е запрено – додаде Фезер.
Таа објасни дека Владата работи на нови концепти, подобрување на подземните паркинзи, метро станиците и подрумите, со цел да станат потенцијални засолништа, а на сојузните држави им дала 88 милиони евра за поставување сирени за тревога.
Министерката најави и дека земјата ќе работи и на изградба на кризни резерви кои вклучуваат медицинска опрема, заштитна облека, маски или лекови.
Германскиот канцелар Олаф Шолц претходно вети дека ќе ги зголеми средствата за одбрана и ќе одвои 100 милијарди евра за армијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.