Германија одобри испорака на 2.700 противавионски ракети за украинската армија. Станува збор за рачни лансери од типот „Стрела“ од советско производство, што биле дел од оружените сили на поранешна Демократска Република Германија (Источна Германија).
Владата на канцеларот Олаф Шолц пред неколку дена ја смени долгогодишната извозна политика на Германија со што се дозволи непосреден извоз на оружје за Украина.
Германското Министерство за одбрана изминатите денови проверуваше со кое друго оружје би можело да биде помогната украинската армија во борбите против руските оружени сили.
Германија години наназад одбиваше извоз на оружје за воените жаришта, дури и снабдување на таквите подрачја со германско оружје преку трети земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.