Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш на 26 април ќе ја посети Москва, каде што ќе биде примен од рускиот претседател Путин. Ова го соопшти прес-службата на ОН.
На 26 април, генералниот секретар на ОН ќе ја посети Москва, Руската Федерација. Тој ќе има работна средба и ручек со министерот за надворешни работи Сергеј Лавров. Генералниот секретар ќе биде примен и од рускиот претседател Владимир Путин, се вели во официјалното соопштение.
По патувањето во Руската Федерација, шефот на ОН планира да го посети Киев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.