Од 1 јануари Франција веќе нема да прима нови имами испратени од други земји, рече денеска францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен во писмо упатено до земјите на кои тоа се однесува.
По 1 јануари 2024 година, муслиманските свештеници испратени од други земји кои се уште се на француска територија нема да можат да останат тука во тој статус, наведува Дарменен во писмото.
Францускиот претседател Емануел Макрон на почетокот на 2020 година изрази желба да престане да прифаќа околу 300 имами испратени од различни земји (Алжир, Турција, Мароко…) и истовремено да го зголеми бројот на имами обучени во Франција.
Макрон, кој е решен да се бори против исламистичкиот сепаратизам, во февруари 2020 година објави серија мерки против „странските влијанија“ врз исламот во Франција, од имами испратени од други земји до финансирање џамии.
Имамите кои се веќе тука ќе мора да го сменат статусот. Од 1 април ќе се воспостави конкретна рамка за оние кои стопанисуваат со верски објекти сами да регрутираат имами и директно да ги плаќаат.
Целта не е да се спречат странските имами да проповедаат во Франција, туку да се осигура дека ниту еден од нив не е платен од странска држава чии вработени би биле тие.
Според новата регулатива, не е доведено во прашање пристигнувањето на околу 300 странски имами за време на светиот муслимански месец Рамазан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.